Паста со спанаќ и овчо сирење

Паста со спанаќ и овчо сирење

Иако без месо, прилично е јака поради овчото сирење. Доколку сакате, изберете некое полесно сирење.

Состојки:

  • 400 гр паста по избор
  • сол
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 црвена лута пиперка
  • 1 лажица ладно цедено маслиново масло
  • 450 гр спанаќ
  • бибер
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 150 гр овчо сирење

Начин на подготовка:

  1. Згответе ја пастата по упатството на пакувањето. Исечете кромид и лук. Исчистете го пиперчето од семки и исечкајте го.
  2. Загрејте масло во широко тенџере и пропржете кромид и лук. Додајте ситно сечкан спанаќ и пропржете го неколку минути.
  3. Процедете ја пастата и измешајте ја со сечкано луто пиперче и половина од сирењето. Зачинете со сок од лимон.
  4. Растопете го остатокот од сирењето во тенџере. Сервирајте ја пастата и прелијте ја со со сирење и спанаќ.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text