Ваквите чорби се идеални како предјадења, но се одлични и за оние кои сакаат да одморат од тешка храна!
Состојки:
- 1,5 л пилешка супа
- 1 главица ситно сечкан кромид
- 2 лажички сечкан лук
- 2 рендани моркови
- целер
- 500 мл доматен сос
- 250 гр ситни тестенини
- 250 гр смрзната пченка Пекабеско
- 250 гр ситно сечкан кељ
- 3 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте маслиново масло во тенџере, додајте сечкан кромид и лук, моркови и целер и динстајте 3-5 минути.
- Потоа измешајте пилешка супа и доматен сос, поклопете и гответе на умерена температура 15 минути. Додајте тестенини, пченка и сечкан кељ.
- Посолете и побиберете, измешајте и гответе уште 10-15 минути, додека тестенината не омекне.
Послужете и уживајте!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт