Ќе уживате во секое колаче од урми и кокос!
Состојки:
- 200 гр несолени индиски ореви
- 20 урми без коски
- 1 шолја кокосово брашно
- 2 лажици свежо цеден сок од портокал
- рендана кора од еден портокал
Начин на подготовка:
- Сомелете ги индиските ореви и ставете ги во чинија. Урмите ситно исечкајте ги, изгмечете ги во пире и додајте ги во садот со оревите.
- Потоа измешајте половина од кокосовото брашно, сок од портокал и изрендана кора и добро измешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Обликувајте 12 топчиња и извалкајте ги во останатото кокосово брашно. Оставете ги топчињата во фрижидер на половина час.
Послужете и уживајте!
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома