КРЦКАВИ И ВКУСНИ: Пица полжавчиња

КРЦКАВИ И ВКУСНИ: Пица полжавчиња

Крцкави залаци со омилениот вкус на пица…

Состојки:

  • 375 гр лиснато тесто
  • 6 лажици доматен сос
  • 100 гр шунка Пекабеско
  • 100 гр кашкавал
  • 1 јајце
  • 1 лажичка оригано

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  2. Лиснатото тесто добро развлечете го да поприми правоаголен облик. Преку тестото нанесете доматен сос. Преку сосот нанесете шунка, а потоа посипете со кашкавал.
  3. Свиткајте го тестото. Ролатот ставете го во фрижидер да се излади околу 10 минути.
  4. Од ролатот сечете полжавчиња со ширина од околу 2 см и редете на плех. Преку полжавчињата ставете разматено јајце и посипете со оригано. Печете во загреана рерна 12-15 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти прочитајте на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

singlepost_text