Го грее телото, но и срцето!
Состојки:
- 2 батаци со карабатаци
- 2 моркови
- 2-3 компири
- 1 лажица сув магдонос
- 1 лажичка кари
- 1/2 лажичка куркума
- сув зачин
- 100 мл масло
- 2-3 лажици брашно
- вода по потреба
Начин на подготовка:
- Ставете ги батаците во тенџере, па по пет минути вриење, заменете ја водата и сварете ги батаците.
- Компирите и морковите излупете ги и измијте ги.
- Морковите исечете ги на кругови и заедно со компирите и батаците ставете ги да се варат.
- Додајте сув зачин по вкус, кари, куркума, магдонос.
- Кога батаците ќе се сварат, извадете ги, почекајте да се изладат, па одвојте го месото од коските и иситнете го на парчиња.
- Варените компири изгмечете ги со вилушка во чинија, така што ќе остане и по некое парче, па вратете ги компирите и месото во тенџере.
- Загрејте масло на тава, па додајте брашно и мешајте да нема грутки. Така врело ставете го во тенџерето со чорба со постојано мешање. Крчкајте уште 10 минути па послужете топла.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт