Рижото со тиква

Рижото со тиква

Збогатете го својот ручек со рижото со тиква…

Состојки:

  • 400 гр тиква, исчистена од семки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 8 парчиња млад кормид
  • 25 гр путер
  • 200 гр ориз
  • 2 лажици мелен ким
  • 1 л бистра супа од зеленчук
  • 60 гр пармезан
  • малку коријандер или други зачински билки за декорација

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Исечкајте ја тиквата на коцки со големина од 1,5 см. Распоредете ги коцките на плех обложен со хартија за печење и печете во рерна 30 минути.
  3. Подгответе рижото додека тиквата се пече. Изгмечете лук, а ситно исечкајте го младиот кромид.
  4. Загрејте лажица маслиново масло и путер на умерена температура. Додајте млад кромид и лук. Кога лукот ќе омекне, додајте ким и ориз. Добро измешајте и гответе околу 1 минута.
  5. Додајте половина шолја од супата и повремено мешајте додека оризот не ја впие течноста. Така постепено додајте го и остатокот од супата додека рижотото не упие се. Ќе ви бидат потребни околу 20 минути. Гответе додека оризот не омекне.
  6. Кога оризот ќе биде готов, додајте ги парчињата печена тиква, рендан пармезан, сечкан коријандер и украсете со зачини по желба.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text