Ако ви се јаде кајмак, а го немате во кујна, можете сами да го направите за само 5 минути.
Потребни ви се само три состојки: 100 гр путер, 100 гр тврдо фета сирење или слично сирење и 100 гр кисела павлака.
Прво пенесто разматете го путерот, додајте издробено сирење и додајте павлака. И вашиот кајмак е готов. Сол не ви треба, бидејќи воглавно самото сирење е доволно солено.
Ако сакате малку поредок кајмак, можете да додадете малку слатка павлака.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта