Салата капрезе на леб, ништо поедноставно и ништо повкусно.
Состојки:
- 8 парчиња црн леб
- 4 помали домати
- моцарела
- 50 гр путер
- 2 чешниња лук
- сол
- оригано
- свеж босилек
Начин на подготовка:
- Оставете го путерот 15 минути на собна температура. Во чинија со вилушка измешајте путер, малку сол и испасиран лук. Доматите и моцарелата сечете ги на кругови. Испечете го лебот на тостер.
- Печениот леб додека се уште е топол премачкајте го со путер со лук. На лебот наредете парче домат, па парче моцарела, па повторно домат, па моцарела. Посипете со оригано и свеж босилек.
Уживајте!
Поврзани Gotvi.mk рецепти:
Рецепт за сирење во фурна тука
Рецепт за топено сирење со сланина тука