Одгледувањето на домати во комерцијални цели во последниве неколку децении доведе до постепено губење на препознатливиот вкус, а научниците сега потврдуваат дека тоа не се случило случајно.
Меѓународен тим експерти проучил речиси 400 вариетети домати, од современи до најстари сорти, како би утврдиле што се случува со најпопуларното светско овошје.
Тие утврдиле дека повеќедецениското одгледување на што поголем и што поотпорен домат довело до губење на 13 хемикалии кои влијаат на неговиот препознатлив вкус.
Научниците ги утврдиле специфичните генетски промени кои довеле до тоа, пренесе „Кворц медиа“.
Експертите наведуваат дека произведувачите на семиња би можеле лесно да постигнат да доматите во супермаркетите повторно бидат вкусни со примена на техника на вкрстување сорти.
Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета
Портокалово смути – за да бидете активни цел ден
Смути од лубеница за почеток на денот – чувар на вашето здравје
Идеален појадок за викендот: Шарено смути за ден полн енергија
Направете смути од портокал кое децата ќе го обожаваат