Иако кога ќе се спомене салата прво што ни паѓа на памет е шопска, грчка, мешана, руска, компир салата…сепак постојат рецепти за салати кои ги немате направено во домот, а се прекрасни. Ви нудиме салата со боранија.
Состојки:
- 400 гр боранија
- 200 гр сланина
- зачини
Подготовка:
- Се чисти боранијата и се става во солена вода да се вари. Сланината во меѓувреме се пржи на путер.
- Се цеди боранијата, се става во чинија, па се става сланината врз неа.
- Се прелива со сокот кој го пуштила сланината.
- Се ставаат зачини и се меша.
Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла
Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите
Смути на денот: Моркови во чаша
Трилече – неверојатно вкусен домашен рецепт
Неговото височество: Топло – ладен колач
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)