Во толку мали колачиња, толку магични вкусови…
Состојки:
- 3 лажици кисела вода
- 280 гр маргарин
- 2 лажици шеќер
- 3 лажици масло
- 1 кесичка прашок за пециво
- 350-400 гр брашно
- 10 гр квасец
- 100 гр соино млеко во прав
- 200 гр шеќер во прав
- 30 гр кокос
- 100 гр чоколадо
Начин на подготовка:
- Разматете 100 гр маргарин со шеќер, кисела вода, масло, прашок за пециво и квасец, па додајте брашно.
- Се замесете и развлечете на дебелина од околу 5 мм. Со чаша за ракија вадете кругови и печете ги на 250 степени околу 10 минути.
- За филот разматете го останатиот маргарин со шеќер во прав и додајте соино млеко во прав. Добро соединете и ставете преку печеното изладено тесто.
- Ставете ги колачињата во фрижидер да се изладат, а потоа прелијте ги со чоколадо и малку кокос.
Уживајте!
Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана
Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција
Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција