ГРЧКА ТОРТА: Ако се прашувате кој десерт да го подготвите, еве идеја! (ВИДЕО)

ГРЧКА ТОРТА: Ако се прашувате кој десерт да го подготвите, еве идеја! (ВИДЕО)

Оваа торта е многу убава! Во неа има ореви,сечкано црно и бело чоколадо, како и дробени бисквити.

Состојки:

  • 12 цели јајца
  • 12 лажици шеќер за кори и 5 за лажици за фил
  • 12 лажици мелени ореви
  • 12 лажици мелени бисквити
  • 750 мл млеко
  • 375 гр маргарин или путер
  • 5 полни лажици брашно
  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 гр млечно црно чоколадо
  • 100 гр млечно бело чоколадо
  • 150 гр бисквити

Начин на подготовка:

  1. Белките користете ги за кора. Четири белки разматете во пена со четири лажици шеќер. Додајте четири лажици ореви и четири лажици бисквити.
  2. Плех со димензии 30х20 обложете со хартија за печење и ставете ја кората да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 12 минути.
  3. Внимавајте кога ја печете, бидејќи ако ја препечете ќе се собере. Постапката повторете ја уште 2 пати за да добиете три кори.
  4. Во жолчките додајте шеќер за фил, брашно и малку студено млеко, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие згответе ги жолчките и мешајте додека не згусне. Тргнете го садот од оган, ставете фолија и оставете да се излади.
  5. Разматете маргарин или путер на собна температура со шеќер во прав, да биде пенасто. Во таа маса додајте го изладениот фил од жолчки и разматете. Во смесата додајте исечкано чоколадо и ситно издробени бисквити.
  6. Чоколадото може и да се изблендира, ако ви е полесно. Количината чоколадо може да се зголеми, а исто така во филот може да се додадат и ореви и лешници. Со овој фил премачкајте ги корите на следниов начин: кора-фил, кора-фил, кора-фил.
  7. Оставете да отстои за вкусовите да се соединат, па украсете по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text