Овој рецепт е брз, но и вкусен. Исклучително ќе го цените во моменти кога ве мрзи да одите во продавница по леб или за време на празниците кога продавниците не работат.
Состојки:
- 400 мл вода
- 600-700 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1/2 коцка квасец
- ким
- сусам
- малку крупна морска сол
Начин на подготовка:
- Квасецот растопете го во млака вода, додајте шеќер и брашно и на крај сол. Замесете средно тврдо тесто и добро изработете го во глатко тесто.
- Прекријте малку да нарасне, па преработете го тестото и поделете го на 4 дела во топчиња (како на видеото).
- Посипете тепсија со брашно, па распоредете ги лепињите. Покријте ги малку да нараснат па притиснете ги ивиците и на секоја лепиња направете мрежи со тапата страна на ножот, како во видеото.
- Премачкајте ги со белка, посипете со ким и сусам и малку крупна сол. Печете на 200 степени околу 15 минути.
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот