Одлична увертира пред главното јадење или солен прилог. Традиционалниот специјалитет од пиперки, ајварот, може да биде уште повкусен кога ќе се подготви совршено ладно предјадење од него.
Состојки:
- 200 гр ајвар
- 150 гр кашкавал
- 5 јајца
- 9 лажици брашно
- 400 мл павлака
- 1/2 главица кромид
- 1 прашок за пециво
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките разматете ги, па додајте половина од павлаката и половина од количината ајвар. Посолете по вкус и повторно разматете со миксер, додека не добиете хомогена смеса.
- Посебно измешајте го прашокот за пециво и брашно, па додајте го во смесата од жолчки.
- Посебно разматете белки, малку посолете, па полека измешајте ги во смесата со жолчки. Во намастен плех обложен со хартија за печење ставете ја смесата и печете 30 минути на 220 степени.
- Во меѓувреме, подгответе го филот – во длабок сад ситно исечкајте кромид и изрендајте кашкавал. Додајте ја останатата павлака и останатиот ајвар и измешајте да се соедини.
- Печената кора исечете ја на три еднакви делови. Првиот дел од кората превртете го на лице и на него ставете половина од филот.
- Од горе поклопете со друга кора, ставете го остатокот од филот и поклопете со трета кора.
- Целата торта премачкајте ја со смеса од павлака. Од горе изрендајте кашкавал и украсете со ајвар.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин
Мусака со карфиол и мисиркино месо