Десерт на денот: Сочни чоколадни бомбици

Десерт на денот: Сочни чоколадни бомбици

За неколку минути направете сочни чоколадни бомбици. Од оваа смеса ќе излезат 20 бомбици кои имаат 170 калории по парче.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 250 гр чоколада
  • ½ лажици смеса за медењаци
  • 100 гр кесе за чоколадна глазура
  • 125 гр шеќер во прав
  • 4 бадеми

Подготовка:

  1. Се делат белките од жолчките, па жолчките кремаво се матат со половина шеќер, па ренданото чоколадо, и зсмеса за медењаци.
  2. Белките се матат додека не настане цврст снег, па се соединуваат со смесата со жолчките.
  3. Се загрева рерната на 160 степени и во плех се става од смесата. Калапите се полнат, па се печат околу половина час.
  4. Се растопува  чоколадниот крем, се става шеќер во прав и лажица вода, па се прелеваат бомбиците.

Повеќе на Готви.мк:

Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло

Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла

Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите

Смути на денот: Моркови во чаша

Трилече – неверојатно вкусен домашен рецепт

 

 

 

singlepost_text