Брз и едноставен рецепт кој им успева на сите!
Состојки:
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 250 гр брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 100 гр кокосово брашно (50 гр за тесто, 50 гр за посипување)
- 1,5 дл течна слатка павлака или јогурт
- 1 дл масло
- 80 гр чоколадо
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте слатка павлака (јогурт), масло, брашно, прашок за пециво, 50 гр кокос. Сè разматете и ставете во подготвени корпички кои треба да ги ставите во калап.
- Печете во загреана рерна, на 200 степени околу 15 минути.
- Готовите мафини извадете ги од рерна, и чоколадото со масло ставете го во рерна да се растопи.
- Секој врв од мафините потопете го во чоколадо, па во кокосово брашно.
- Начинот на подготовка можете да го погледнете и во видеото во прилог:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
Малиџано – одличен домашен рецепт