Подгответе здрава и вкусна торта од моркови!
Состојки:
- 7 моркови
- 2,5 мали шолји бразилски ореви
- 1/2 мала шолја ленено семе
- 1 мала шолја мед
- 1 мала шолја рендан сув кокос
- 1 мала шолја суво грозје
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка цимет
Состојки за прелив:
- 1 мала шолја мед
- 1 мала шолја бразилски ореви
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Изрендајте ги морковите. Бразилските ореви и лененото семе сомелете ги во блендер. Грозјето, екстрактот од ванила, ренданиот кокос, циметот и медот измешајте ги во блендер. Кога ќе добиете еднолична смеса, измешајте ги мелените ореви и ленено семе. Смесата ставете ја во калап за торта, израмнете и ставете ја еден час во фрижидер.
- Преливот направете го така што сите состојки ќе ги ставите во блендер и ќе направите кремаста хомогена маса. Премачкајте ја тортата со преливот и послужете.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега