Тава со говедско месо во сос – боемски ручек

Тава со говедско месо во сос – боемски ручек

Ако сакате да имате вкусен ручек, и сте прав боем па сакате месо, тогаш ви нудиме тава со говедско во сос од павлака.

Состојки:

  • 2 лажици масло
  • 600 гр говедско филе
  • 1 лажичка бибер
  • 2 главици кримид
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл говедска супа
  • 40 мл сок од лимон
  • 2 лажици сенф
  • 1 лажица густин

Подготовка:

  1. Месото се сече на коцки и се пржи на масло. Се ставаат зачини, па се става во загреана рерна.
  2. Кромидот се сече на коцки, се пржи во маслото каде се пржело месото, па се става бело вино, павлака и се вари. Се става и сок од лимон и сенф во сад, се мешаат, па се додава во смесата.
  3. Се додава густин и уште малку зачини.
  4. Во сосот кој се пасира се става месото.
  5. Совршено оди со брокули или морков.

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани