Ако ви здосадија класичните прженици, со вкус на препржено масло, јајца и млеко, време е да го испробате овој фантастичен рецепт од бајат леб – прженици од рерна!
Состојки:
- стар леб исечен на парчиња
- 100 гр сирење
- 50 гр кајмак
- 50 гр павлака
- неколку парчиња кашкавал
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Разматете ги јајцата со грубо издробено сирење, додајте кајмак и павлака и посолете по вкус.
- Секое парче леб извалкајте го во смесата, па наредете ги во плиток, широк плех. На секое парче леб ставете по едно парче кашкавал и поклопете со уште едно парче леб извалкано во смесата со јајца.
- Остатокот од смесата прелијте го преку наредениот леб и печете во рерна додека не добие златно-жолта боја.
- По желба, пржениците посипете ги со сусам, ким или магдонос.
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви