Оваа пикантна пита со пилешко и зеленчук можете да ја послужите и како главно јадење.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 150 гр путер
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 500 гр бело пилешко месо
- 300 гр моркови
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
- 100 гр Пекабеско замрзнат грашок
- 4 јајца
- 100 гр изрендано сирење
- 100 гр кисело млеко
Начин на подготовка:
- Брашното, путерот, јајцето и солта измешајте ги во тесто и замотајте го во проѕирна фолија и ставете го на половина час во фрижидер. Рерната загрејте ја на 200 степени.
- Пилешкото исечкајте го на коцки. Морковите исчистете ги и исечкајте ги на коцки. Кромидот и лукот исечкајте ги што поситно и пропржете ги. Додајте пилешко месо и моркови, па печете две-три минути. Посолете и побиберете и извадете го месото од тава. Во сосот додајте павлака, грашок, па оставите да се разлади. Измешајте јајца, сирење и кисело млеко. Додајте го сосот со грашок, па зачинете по вкус.
- Тестото развлечете го и ставете го во намастен плех. Распорадете го пилешкото и зеленчукот по тестото. Прелијте со смеса од кисело млеко и јајца, па печете околу 45 минути.
Добар апетит!
Телешка супа со куркума и брокула