Овесни колачиња одлични со чај или млеко

Овесни колачиња одлични со чај или млеко

Вкусни и лесни колачиња. Одлично одат со чај или млеко.

Состојки:

  • 100 гр омекнат путер
  • 250 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички цимет
  • 3 шолји овесни снегулки

Начин на подготовка:

  1. Во сад со средна големина измешајте растопен путер, шеќер и кафеав шеќер. Измешајте јајца, едно по едно, а потоа додајте и ванила.
  2. Измешајте брашно, сода бикарбона, сол и цимет, а потоа додајте ја смесата со јајца.
  3. Во смесата потоа додајте и овесни снегулки, замесете, прекријте и изладете најмалку еден час.
  4. Рерната загрејте ја на 200 степени. На плех за печење ставете хартија за печење. Од смесата обликувајте колачиња и наредете ги на плех. Колачињата благо притиснете ги со вилушка извалкана во шеќер.
  5. Печете околу 8-10 минути во загреана рерна. Почекајте колачињата да се изладат во плехот околу 5 минути пред да ги извадите на чинија.

Послужете и уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text