Еве одличен рецепт за вкусна италијанска пица!

Еве одличен рецепт за вкусна италијанска пица!

Одлична идеја за ручек или вечера. Брзо подгответе вкусна италијанска пица.

Состојки за 2 лица:

  • 350 гр глатко брашно
  • 20 гр сув квасец
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици топла вода (за квасецот)
  • 200 мл топла вода (за тестото)
  • 5 гр шеќер
  • 5 гр сол
  • 200 мл доматен сос
  • 200 гр салама или суво месо
  • 200 гр сирење (моцарела или било кое топено)
  • шампињони по ваш избор
  • оригано
  • сушен босилек
  • пиперка, кромид или тиквица (за оние кои сакаат зеленчук)

Начин на подготовка:

  1. За почеток во посебен сад ставете квасец, малку шеќер, сол и топла вода. Оставете неколку минути. Потоа во брашното додајте маслиново масло и мешавината од квасец. Замесете тесто и оставете го да надојде.
  2. Кога тестото ќе биде готово, развлечете го во облик на тепсијата, премачкајте го со сос од домати и полека додавајте ги состојките.
  3. Печете ја пицата во загреана рерна прво 3-5 минути на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 200 степени. Печете додека не порумени, не повеќе од 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки