Што има повкусно од комбинација компир-кашкавал-пршута? Ако не знаете што да подготвите за вечера, задолжително пробајте го овој рецепт!
Состојки:
- 4 компири
- 1 главица кромид
- пршута
- 150 гр кашкавал
- зачини по вкус
- 2 јајца
- малку масло
Начин на подготовка:
- Измијте ги и излупете ги компирите. Потоа исечете ги на кругови. Намастете плех за мафини, а потоа наредете компири, така што ќе ја обложите внатрешноста на калапите.
- Во неколку разматени жолчки додајте исечкана пршута, ситно сечкан кромид и зачини и измешајте. Потоа наполнете ги калапите со филот и од горе ставете парче кашкавал. Поклопете со компир.
- Ставете ги компирите да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Печете додека не поруменат.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути