Пикантен хамбургер каков што не сте пробале!

Пикантен хамбургер каков што не сте пробале!

Покрај сочното месо ќе уживате и во здравите прилози.

Состојки:

  • 500 гр мелено јунешко месо
  • маслиново масло
  • 50 гр ајвар
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • презла
  • 6 лепчиња за сендвичи
  • 12 лажици кечап
  • 2 домати
  • кромид
  • зелна салата
  • краставица

Начин на подготовка:

  1. Измешајте мелено месо, маслиново масло, ајвар и јајце. Зачинете со сол и бибер, па измешајте презла. Од добиената маса обликувајте 6 хамбургери. Загрејте масло во тава и испржете ги плескавиците.
  2. Лепчињата преполовете ги и кратко пропржете ги во тава, премачкајте ги со кечап.
  3. Доматите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на кругови. Кромидот исчистете го и исечете го на кругови. Зелената салата исчистете ја, измијте ја и исечте ја на ленти. Краставицата измијте ја и исечете ја на тенки кругови. Салатата распоредете ја по лепчињата, па ставете плескавици.
  4. Потоа наредете домати, краставица и кромид. Поклопете ги лепчињата.
  5. Хамбургерите сервирајте ги со кромид и помфрит.

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка