КРЕМАСТ ДЕСЕРТ: Подгответе парфе торта

КРЕМАСТ ДЕСЕРТ: Подгответе парфе торта

Овој кремаст десерт можете да го украсите со овошен или чоколаден сируп.

Состојки:

  • 7 јајца
  • 125 гр шеќер
  • 250 гр лешници, ореви или бадеми
  • 1/2 л млеко
  • 4 кесички шлаг
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад разматете 6 жолчки и едно цело јајце со шеќер.
  2. Оваа смеса матете ја на пареа (тенџерето ставете го над тенџере со врела вода) се додека не добиете пенаста смеса. Матете со миксер.
  3. Во добиената пенаста смеса додајте мелени лешници (може и ореви или бадеми).
  4. Во друг сад разматете шлаг и млеко во крем. Спојте ја со првата смеса која малку сте ја изладиле. Сè убаво измешајте.
  5. Смесата распоредете ја во подлабок сад и ставете ја во фрижидер да стегне.
  6. Кога парфето ќе стегне, превртете го и украсете го по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Трилече – неверојатно вкусен домашен рецепт

singlepost_text