Палачинки од компир полнети со месо

Палачинки од компир полнети со месо

Еден од омилените десерти – палачинки сега и во солена варијанта како главно јадење!

Состојки:

  • 6 поголеми компири
  • 1 јајце
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • масло за пржење

Состојки за фил:

  • 220 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици вода

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад изрендајте компир и кромид, па додајте јаце, брашно, зачинете по вкус и оставете на страна.
  2. Во посебен сад измешајте мелено месо, ситно сечкан кромид, вода и зачини.
  3. Загрејте масло, па ставете една лажица мешавина со компир, истенчете со лажица и обликувајте палачинка. Оставете да се запече неколку секунди, преку ставете тенок слој од фил со месо, а потоа прекријте со уште една лажица смеса со компир.
  4. Печете ги палачинките додека не добијат златна боја. Послужете со павлака.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

singlepost_text