УХМР најавува промена на времето – ќе кажеме збогум на студот

УХМР најавува промена на времето – ќе кажеме збогум на студот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди кон североистокот на земјата. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Наутро по котлините ќе има појава на магла.Утринската температура ќе се движи од минус 11 до еден, а дневната од нула до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде слично. Наутро ќе има услови за појава на магла и ниска облачност која преку денот ќе се намалува. Во попладневните часови ќе има и почести сончеви периоди.

Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до два степена.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди почесто на истокот од земјата, а по котлините ќе има појава на магла. Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег претежно во западните делови. Температурата во овие денови ќе има тенденција на пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Повеќе на Готви.мк:

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

 

singlepost_text