Уштипци од варено пилешко месо

Уштипци од варено пилешко месо

Уштипците можете да направите како главно јадење со сос или како топло или ладно предјадење.

Состојки:

  • 250 гр варено пилешко месо од супа
  • 100 гр трапист сирење
  • 2 јајца
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица кисела павлака
  • малку сол
  • малку куркума
  • малку маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Вареното пилешко месо исчистете го од коски и ситно исечкајте го.
  2. Сирењето изрендајте го.
  3. Во сад измешајте исечкано месо и изрендано сирење.
  4. Додајте сол, куркума, презла, брашно, јајца и кисела павлака.
  5. Добро измешајте со вилушка.
  6. Со лажица вадете уштипци и посипете ги до презла.
  7. Во тава загрејте масло и пржете ги уштипците на силен оган додека не добијат убава златна боја.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди