Со јогурт или кисело млеко ќе стане ваш омилен оброк. За доручек, за ужина, за вечера… Згодна за секоја прилика!
Состојки:
- 300-400 гр брашно
- 200-300 мл вода
- сол
- фил по желба (слатко или солено)
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете брашно, сол и замесете со млака вода средно тврдо тесто да биде глатко. Ставете го во кеса или фолија и оставете го 20-30 минути на собна температура да одмара. Потоа со сукало развлечете го во големина на поголема чинија, премачкајте со масло и повторно оставете го 30 минути да мирува.
- Работната површина посипете ја со малку брашно, ставете го тестото и почнете да го развлекувате, прво од средината кон краевите, колку што можете потенко. Краевите од тестото исечете, а развлечената кора малку намастете ја.
- Потоа ставете фил, по желба (слатко или солено). Во видео рецептот е солено: добро измешајте 200 гр сирење, 2 јајца и 200 мл млеко. Распоредете го филот и свиткајте ја кората (како на видеото).
- Намастете плех, а ролните ставете ги во тепсија, малку од горе премачкајте со малсо и печете на 200 степени околу 30 минути.
Погледнете го ВИДЕОТО!
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин