Подгответе пита со месо која сите ќе ја обожаваат…
Состојки:
- 500 гр кори за пита
- 350 гр јунешко мелено месо
- 3 главици кромид
- магдонос
- сол
- бибер
- пипер
- 1 дл масло
- 1 пакување кисела павлака
- 2 дл кисела вода
- 4 јајца
- 1 дл масло
Начин на подготовка:
- Испржете ситно сечкан кромид на масло. Додајте го месото, посолете, побиберете и додајте пипер по вкус. Пржете 10-15 минути и повремено мешајте. При самиот крај месото посипете го со ситно сечкан магдонос.
- Во намастен плех ставете две кори па посипете со подготвеното месо. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот, завршете со две кори и исечете ја питата на коцки. Разматете јајца со павлака, кисела вода и масло и прелијте ја питата.
- Оставете ја питата околу 15 минути сè убаво да впие. Печете четириесетина минути во загреана рерна на 200 степени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи