Идеален десерт кој ќе го обожавате…
Состојки:
- 100 гр мелени ореви
- 100 гр суво грозје
- 1 чаша јогурт
- 1 мала шолја масло
- 3 мали шолји млеко
- 3 мали шолји брашно
- 3 мали шолји гриз
- 1 прашок за пециво
Состојки за сируп:
- 400 гр шеќер
- 500 мл вода
- сок од еден лимон
Начин на подготовка:
- Во вангла ставете ореви, суво грозје, јогурт, млеко, брашно, масло, гриз, прашок за пециво и сè добро измешајте.
- Ставете ја смесата во намастен плех. Загрејте ја рерната на 180 степени. Печете во загреана рерна, додека горната страна не добие златна боја околу 30 минути. Исечете во саканиот облик.
- За сирупот: шеќерот добро разматете го со вода и додајте сок од еден лимон и оставете да врие 5 минути.
- Напомена: Ако наливате со изладен сируп, баклавата мора да биде жешка – ако наливате со врел сируп, баклавата мора да биде изладена.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути