Вкусно јадење кое брзо се подготвува!
Состојки:
- 800 гр свински шницли исечени на коцки
- 2 моркови
- 2 главици кромид
- 2 компири
- сол
- бибер
- масло
- сув зачин
Начин на подготовка:
- Исчукајте ги шницлите, посолете ги и оставете ги да отстојат 15 минути.
- Потоа исечете ги на поголеми коцки и пропржете ги на малку масло.
- Извадете ги од тава па во маслото додајте крупно сечкан зеленчук.
- По десетина минути вратете ги шницлите и продинстајте ги со зеленчукот. Додајте малку вода.
- Динстајте уште петнаесетина минути додека компирите и месото не бидат готови.
На здравје!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес