Вкусна, мирисна и неодолива. Токму таква е погачата по рецептот на баба…
Состојки:
- 1 кг брашно
- 100 мл масло
- 100 гр путер
- 2 јајца
- сол
- 1 лажица шеќер
- 20-30 гр квасец
Начин на подготовка:
- Потопете го квасецот во малку млака вода и додајте 1 лажица шеќер. Кога ќе се растопи додајте 1 јајце, млеко, масло, брашно, сол. Замесете средно тврдо тесто. Кога тестото ќе биде глатко покријте го со фолија и крпа и оставете го на топло да нарасне.
- Нараснатото тесто ставете го на работна површина и поделете го на 11 топчиња. Пет топчиња развлечете со големина на пречникот на тепсијата. Секое развлечено топче намачкајте го со омекнат путер и наредете ги едно преку друго, освен последното кое не се премачкува туку само се преклопува преку четвртата.
- Со нож исечете на четири делови, па на 8 и секој агол свиткајте го од надвор. Потоа на ист начин подгответе ги и останатите пет топчиња (погледнете на сликата).
- Погачата премачкајте ја со јајце и посипете со семки кога погачата малку ќе порасне. Печете на 180 степени 40-45 минути.
ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)