НЕ СЕ ПЕЧЕ, А ИМА НЕВЕРОЈАТЕН ВКУС: Брза торта со пудинг

НЕ СЕ ПЕЧЕ, А ИМА НЕВЕРОЈАТЕН ВКУС: Брза торта со пудинг

Израдувајте ги најмилите – со најбрзата и највкусна торта која не се пече!

Состојки:

  • 1 кг посни бисквити
  • 250 гр посен маргарин за колачи
  • 250 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 пудинзи од карамела или ванила
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр ореви или лешници

Начин на подготовка:

  1. Пудингот згответе го во литар вода во која сте додале 150 гр шеќер. Внимавајте да не се згрутчи, непрекинато мешајте додека не се излади.
  2. Посебно разматете 1 маргарин со остатокот од шеќерот. Додајте ванилин шеќер и соединете со пудингот. Во таа смеса додајте 100 гр мелени ореви.
  3. Направете шербет, па бисквитите натопете ги во врел шербет и редете ги во послужавник за торта. Секој ред бисквити премачкајте го со фил, а последниот прелијте го со чоколадо растопено на тивок оган.
  4. Додека тортата се уште не се изладила, посипете сечкани ореви и оставете ја да стегне.

Послужете и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text