БРЗИ, ВКУСНИ И ЗДРАВИ: Обидете се да ги направите овие колачиња!

БРЗИ, ВКУСНИ И ЗДРАВИ: Обидете се да ги направите овие колачиња!

Брзи, вкусни и здрави – такви колачиња сакаме. А за нив потребни ви се неколку едноставни состојки, кои веројатно веќе ги имате во кујна.

Состојки:

  • 2 банани
  • 1 шолја овесни снегулки
  • малку екстракт од ванила
  • сечкано чоколадо, брусница, лешници, бадеми, ореви… (било што од ова)

Начин на подготовка:

  1. Земете две зрели банани и изгмечете ги.
  2. Додајте 1 шолја овесни снегулки
  3. Додајте малку екстракт од ванила.
  4. Додајте по желба нешто од следниве состојки: сечкано чоколадо, брусница, лешници, бадеми, ореви…
  5. Сè заедно измешајте. Земајте од смесата и формирајте топчиња. Ставете ги топчињата на плех, со хартија за печење.
  6. Печете на 180 степени, 15 минути. Вашите колачиња се готови!

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат