ШТИП: Мафини во форма на женски полов орган – Казнет дел од персоналот во Болницата

ШТИП: Мафини во форма на женски полов орган – Казнет дел од персоналот во Болницата

Со еднократно намалување на платата за 30 отсто, казнети се лекарите и персоналот на гинеколошко – акушерското одделение на Клиничката болница во Штип, бидејќи го прославувале дочекот на Нова година, а потоа и на Стара Нова година со алкохол и со мафини во облик на женски полов орган.

Ваква одлука донела дисциплинската комисија, која повела постапка откако фотографии од прославите се појавиле на социјалните мрежи.

Вниманието го привлекоа невообичаените мафини од славеничката маса, а потоа беше забележано дека на фотографиите има и алкохол и пепелница со цигари.

Фотографиите на „Фејсбук“ ги поставила медицинска сестра од гинеколошко – акушерското одделение на болницата со објаснување дека „и покрај напорниот работен ден, вработените успеале и да прослават“.

Според раководството на Клиничката болница, дисциплинската комисија донела одлука и препорака еднократно да се казнат лекарите и персоналот, кои се фотографирале и овие фотографии ги поставиле на социјалните мрежи.

Извор: Мета.мк

Прочитај Gotvi.mk рецепти за мафини:

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

ВИДЕО: Како да направите солени мафини за 3 минути

Ултра брзи пица мафини

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Мафин пита со јаболка

singlepost_text