ТРИ НАПИВКИ кои брзо ги топат „празничните“ килограми!

ТРИ НАПИВКИ кои брзо ги топат „празничните“ килограми!

Кога држат диета, многумина не се свесни дека многу е важно и кои пијалаци ги конзумираат бидејќи постојат некои кои содржат голем број калории, па така го саботираат процесот на слабеење.

Многу е важно да обратите внимание на нутритивната и енергетската вредност на секоја напивка. Од друга страна, постојат и пијалаци кои поволно делуваат на слабеењето, а тоа се:

Вода

Најважниот сојузник во слабеењето е водата која учествува во метаболичките процеси во телото. Додека 20 отсто од водата се надохнадува преку внесот на храна, остатокот е потребно да се внесе како течност. Водата не содржи калории, па затоа претставува најдобар избор за надохнада на течности при слабеење.

Кофеин

Тука спаѓаат кафето и чајот. Кафето се препорачува без засладувачи, а доколку користите млеко со кафето, потрудете се да биде обезмастено. Корисно е да пиете зелен чај бидејќи има благотворно дејство на целокупното здравје, но и придонесува во намалувањето на телесната тежина. Некои состојки кои ги има во овој чај ја зголемуваат потрошувачката на енергија и го забрзуваат метаболизмот.

Природен сок

Најздрав сок е оној кој самите ќе го подготвите, како што е сок од портокал или лимон. Доколку сокот од свежо исцедено овошје ви е густ, секогаш можете да додадете вода и да го разредите. Можете во сокот да ставите и мед, доколку преферирате сладок вкус.

Повеќе вести на Готви.мк:

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана