Еве зошто треба да јадете по една лажица златен мед секој ден

Еве зошто треба да јадете по една лажица златен мед секој ден

Ајурведската медицина го прогласи златниот мед за најјак природен антибиотик, но тоа е само една од причините зошто треба да ја пробате оваа чудесна мешавина!

Името „златен мед“ се прави од обичниот мед, во кој се додава куркума, која се смета за златен зачин, поради своите лековити моќи кои се во состојба да излечат разни болести.

Во сад измешајте лажица куркума во прав со 100 гр мед. За мешањето задолжително користете дрвена лажица, бидејќи медот лошо реагира на метал и во допир губи лековити својства.

Мешавината од куркума и мед можете да ја корисите за превенција од настинка, но и за олеснување и лечење на симптомите во овој период кога хараат вируси. Исто така, смесата можете да ја додадете во млеко или чај.

Дозирање: Ако настинката веќе ве совладала, земајте половина лажичка златен мед на секој час првиот ден, вториот ден половина лажичка на секои два часа, а третиот ден истата доза три до четири пати преку цел ден.

Предупредување: Ако патите од хемофилија, хипертонија, дијабетес или болести на уринарниот тракт, пред конзумација на оваа мешавина посоветувајте се со лекар, бидејќи куркумата е исклучително јак зачин.

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text