ТОРТА КИЛИМАНЏАРО: Вулкан чоколадо и најфиниот крем!

ТОРТА КИЛИМАНЏАРО: Вулкан чоколадо и најфиниот крем!

Тортата Килиманџаро не го носи баш овој назав залудно – се работи за вулкан чоколадо и фин крем, а тука е и вистинската ерупција на задоволство!

Состојки за кора:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 50 гр чоколадо
  • 50 гр маргарин
  • 1 кесичка прашок за пециво

Состојки за фил:

  • 650 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргари
  • малку растопено бело чоколадо (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Прво направете ја кората – растопете чоколадо и маргарин. Вклучете ја рерната на 200 степени, а за тоа време разматете белки со шеќер, па додајте жолчки со матење, и потоа полека ставете ја изладената мешавина растопен маргарин и чоколадо.
  2. Додајте брашно и прашок за пециво, па сè лесно измешајте. Ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и ставете да се пече 20-25 минути, а штом ја ставите во рерна, намалете ја температурата на 180 степени.
  3. Додека кората се пече, на оган ставете 450 мл млеко, а остатокот од млекото, пудинзите и шеќерот разматете ги, па кога ќе зоврие додајте ги и мешајте додека не згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади. Печената кора, исто така, оставете ја да се излади.
  4. Омекнат маргарин разматете со шеќер во прав, па додајте изладен пудинг претходно малку разматен со миксер. Сè добро разматете, а потоа обложете сад со фолија или кеса, и во него ставете го филот. Ставете го во замрзнувач на 30 минути да стегне.
  5. Изладената кора пресечете ја на два еднакви дела. Извадете го садот со фил, поклопете со една кора, па сè заедно превртете на тацна.
  6. Другата кора исечете ја на 8 до 12 еднакви делови. Наредете ги триаголниците еден до друг на долната кора, па потоа еден до друг, за горните краеви да се допираат, а вие ќе добиете изглед на вулкан.
  7. Во „вулканот“ изрендајте чоколадо или ставете овошен сируп.
  8. Ако не сте љубител на украсување, можете да го прескокнете обликувањето, едноставно ставете крем на кората, преклопете ја со другата кора и украсете по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки