Мазалица е стар заборавен доручек кој веројатно барем еднаш во животот сте го пробале. Се прави од три состојки (јајца, сирење и млеко), а поради подобар вкус се додава малку путер, сол и брашно.
Состојки:
- 4 јајца
- 5 лажици сирење
- 1/2 л млеко
- малку путер
- сол
- 1 лажичка брашно
Начин на подготовка:
- Во длабока тава или тенџере ставете половина литар млеко (ова е мера за 4 лица), па додајте малку путер и оставете млекото да зоврие. Во смесата додајте околу 5 лажици сирење и оставете уште малку да крчка. Додека смесата врие додајте 4 разматени јајца и малку сол.
- Не заборавајте полека да мешате. За смесата да биде густа и глатка додајте една лажичка брашно која ќе ја ставите па ќе ја измешате во кашата.
- Целиот процес на подготовка на овој доручек трае околу 10 минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи