Пробајте ги највкусните ќофтиња во доматен сос (ВИДЕО)

Пробајте ги највкусните ќофтиња во доматен сос (ВИДЕО)

Ви пренесуваме рецепт за ќофте од мелено месо и ориз во црвен доматен сос. Уживајте во готвењето!

Состојки:

  • 500 гр мелено месо (мешано, говедско, пилешко)
  • 1 средна главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 100 гр ориз
  • 1 лажичка пипер
  • 2 лажички сув зачин
  • сол
  • малку бибер

Состојки за сос:

  • 1 л варени домати
  • 400-500 мл вода
  • 1 дл масло
  • 1 полна лажица брашно
  • сол и шеќер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и додајте мелено месо. Додајте и ориз, јајце, зачини, можете да додадете и исечкан магдонос, измешајте со раце и обликувајте мали топчиња. 
  2. Во големо тенџере ставете масло и брашно кратко да се пропржи, додајте варен домат и вода, гответе и мешајте додека не зоврие и потоа ставете ги ќофтињата. 
  3. Гответе на блага температура, сосот полека да крчка околу 45 минути, потоа посолете и додајте шеќер. Гответе уште 3-4 минути и тргнете го од шпорет. Послужете со пире, варен или печен компир, ориз или некоја тестенина. 
  4. Уживајте во секој магичен залак на овој домаќински ручек!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте