Француска мучкалица

Француска мучкалица

Лесно јадење идеално со препечен леб или со шпагети…

Состојки:

  • 1 тиквица
  • 1 домат
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 3 чешниња лук
  • 1 шолја доматен сок
  • 2 лажици доматен сос
  • сол
  • бибер
  • 1/2 лица сув босилек

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата и доматот измијте ги и исечете ги на мали парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно.
  2. Во тава загрејте масло, ставете кромид и пржете околу пет минути. Додајте тиквици, домат, доматен сок и сос и лук.
  3. Посолете и побиберете, додајте босилек и кратко продинстајте. Ставете малку вода и гответе на средна температура околу 15 минути.
  4. Послужете со препечен леб или шпагети.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула