Пилешки уштипци со сирење и прелив од печурки

Пилешки уштипци со сирење и прелив од печурки

Подгответе вкусни пилешки уштипци со сирење и прелив од печурки.

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 4 лажици Пекабела павлака
  • 200 гр трапист сирење
  • 40 гр пармезан
  • 3 јајца
  • 150 гр брашно
  • 300 мл масло
  • сув зачин
  • сол
  • бибер

Состојки за прелив:

  • 2 лажици путер
  • 300 гр шампињони
  • 300 мл Пекабела павлака
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото сомелете го во машина за мелење и соединете го со павлака, трапист сирење исечено на коцки,пармезан и јајце. Се зачинете по вкус и добро соединете ја масата.
  2. Од подготвената маса обликувајте топчиња, потоа извалкајте ги во брашно, па во разматени јајца. Потоа пржете ги на врело масло од сите страни додека не поруменат.
  3. Во тефлонска тава растопете путер, додајте шампињони исечени на листови и пржете додека не поруменат.
  4. Кога шампињоните ќе омекнат, додајте павлака и гответе на умерена температура 10 минути, пред крај зачинете по вкус и посипете со сечкан магдонос. Подготвениот прелив послужете го со пржените уштипци.

 

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Пијани печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос