Пилешкото месо е секогаш одлична идеја за ручек…
Состојки:
- 500 гр пилешки гради
- 3 лажици масло
- 4 чешниња лук
- 3 чили пиперчиња
- 2 лажици соја сос
- 1 лажичка шеќер
- неколку листови босилек
Начин на подготовка:
- Пилешкото месо исечкајте го на коцки. На масло пропржете ситно сечкан лук и чили пиперчиња. Додајте го пилешкото и пржете го додека не порумени, па додајте соја сос и шеќер.
- Сите состојки пржете ги уште три до четири минути. Додајте босилек, измешајте и послужете со варен ориз.
Добар апетит!
Прочитај и:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Италијанско предјадење за цело семејство