Овој рецепт можете да го направите за доручек, вечера или како оброк за ручек, навистина е сјаен и сите ќе го обожаваат.
Состојки:
- 150 гр проино брашно
- 150 гр бело брашно
- 200 мл млеко
- 1 јајце
- малку сол
- малку прашок за пециво (на врв на нож)
- 7-8 виршли
- 1 лажица брашно
- масло за пржење
- стапчиња за ражничи
Начин на подготовка:
- Во сад ставете ги двете брашна, прашокот за пециво и солта и добро измешајте. Додајте јајце и млеко и убаво изедначете. Сè ставете во длабока чаша во која мора да собира виршла.
- Виршлите исчистете ги од пластичната фолија, па извалкајте ги во брашно и навлечете ги на стапче со толкава должина да ги собира во тава. Ако стапчињата се предолги, скратете ги.
- Маслото загрејте го, а виршлите полека ставете ги во чашата со смеса и извлекувајте ги надвор и спуштајте ги во маслото.
- Пржете ги од двете страни. Вадете ги на хартиена салфета.
- Виршлите послужете ги топли со кечап или со што и да сакате.
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Палачинки на кои не можете да им одолеете