ЗДРАВО И ВКУСНО! Еве зошто треба да конзумирате јогурт секој ден

ЗДРАВО И ВКУСНО! Еве зошто треба да конзумирате јогурт секој ден

Јогуртот е значаен извор на калциум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5, како и витамин Б12 кој ги чува црвените крвни зрнца и помага во зачувување на нервниот систем. Исто така, јогуртот помага во превенција од остеопороза, комбиниран со правилна исхрана.

Поради прекумерното конзумирање сол, луѓето имаат проблеми со висок крвен притисок, срцеви заболувања и болести на бубрезите. Во тоа може да помогне калиумот од јогуртот кој го исфрла вишокот соли од организмот. Не смее да се заборави дека јогуртот се добива од млеко, што значи дека љубителите на оваа намирница добиваат и голема количина протеини, како и сите останати витамини и материи кои се наоѓаат во млечните производи.

Јогуртот може да ви помогне во борбата против вишокот килограми и тоа поради својата висока нутритивна вреднос, малиот број калории и високата доза калциум. Исто така, тој ќе го регулира варењето и ќе воспостави рамнотежа во организмот ако таа е нарушена.

Јогуртот можете да го пиете, но можете и да го користите како додаток во разни јадења. Прелијте салата од краставици со јогурт. Користете го како основа за студени супи и разни сосови.

Може да се употреби и како замена за мајонез или павлака, како сос за месо и зеленчук. Освен тоа, со јогурт можете да комбинирате суво и свежо овошје, а ако додадете и малку овесни снегулки, ќе го добиете најдобриот доручек.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула