Ако сакате да уживате во вкусна шолја топол напиток во ладните зимски ноќи, а воедно и да бидете здрави, ви препорачуваме шолја салеп кој помага за грипот и вирусите:
Состојки:
- 4 шолји млеко
- 1 шолја шеќер
- 1 лажица салеп
- 1 лажица цимет
Подготовка:
- Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер за да се растопат сите грутки од шеќерот и правот.
- Потоа ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса.
- Сварениот салеп се сервира во шолји и потоа се наросува со цимет.
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута