Со овие пикантни кременадли ви предлагаме свежа салата и варен компир како прилог.
Состојки:
- 4 кременадли
- 2 лажици масло
- сол
- бибер
- 200 гр неутрална павлака
- 100 мл бело вино
- 150 мл супа
- влашац
- 2 лажици шарен бибер
- 1 лажички капар од тегла
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 120 степни. Кременадлите испржете ги во тава на врело масло 1-2 минути од секоја страна. Кога ќе ги извадите од тава, ставете ги во тепсија, побиберете и посолете, па печете ги на решетка за грил во рерна 20 минути.
- Исечкајте влашац што поситно. Кратко пропржете на маснотијата од пржењето. Додајте бело вино и супа и гответе 5 минути.
- Додајте павлака, па сосот процедете го. Уште еднаш згответ. Додајте бибер и капар. Сосот зачинете го со бибер и сол.
- Послужете со салата и варен компир како прилог.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула