Ова пикантно јадење послужете го со ориз и свежа салата.
Состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица лук
- 1,5 кг пилешко бело месо (исечено на парчиња)
- 1 лажица мелен пипер
- 200 гр кафеав шеќер
- 200 мл црно вино
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Загревајте масло на умерена темпратура. Исечканиот лук испржете го додека не омекне, а потоа додајте го пилешкото. Месото пржете го околу 10 минути додека не биде печено од двете страни.
- Исцедете го вишокот масло од тавата. Преку пилешкото посипете пипер и кафеав шеќер, па прелијте со вино. Поклопете и оставете да се крчка 15-20 минути. Повремено преливајте го месото со сос од вино и посолете и побиберете по вкус.
- Послужете со ориз и свежа салата.
Добар апетит!
Прочитај и:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Италијанско предјадење за цело семејство