Доручекот е најважниот оброк, а за наутро да не посегнете по нездрави намирници ви предлагаме здрави оброци кои ќе ви дадат сила и енергија за претстојниот ден.
1. Јогурт
Јогуртот е богат со калиум и е идеален за слабеење, па така наутро можете да го комбинирате со свежо овошје или овесни снегулки и тоа ќе биде одличен оброк за почеток на денот.
2. Јајца
Јајцата содржат доволно протеини кои ќе ве држат во текот на денот. Омлетот е одличен избор за доручек. Комбинирајте со салата или сечкан зелечнчук.
3. Шејк
Подготовката на шејковите е лесна и ќе ви заштеди време. Изберете овошје по желба, ставете го во блендер, додајте млеко или јогурт и витаминската бомба е готова.
4. Салата
Овошната салата ќе ви ја даде потребната енергија. Богата е со витамини и минерали, а лесно се подготвува. Исечкајте овошје по желба и прелијте го со лажица мед.
5. Житарици
Житариците содржат голема количина влакна и се одличен извор на енергија. Исто така погодни се и за диета бидејќи имаат малку калории.
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви